ИНТЕГРАЦИЈА НА ДИСКУСИОНИТЕ ГРУПИ

 

Овој документ се состои од следната содржина:

 

1. Договор за интеграција со трети веб проекти

Овој договор се однесува на сите вебмастери, администратори и фирми кои ги интегрираат веб дискусионите групи на своите страни.
Дозвола за користење. Macedonia Search дозволува ограничени, неексклузивни и бесплатни права на интеграција на веб дискусионите групи со било кој македонски веб проект или страна кој функционира легално во Република Македонија. Вебмастерите имаат дозвола да ги интегрираат овие услуги на своите страни (1) како целина, каде е поставена врска до главната страна или (2) по групи со врска директно до саканата група. Вебмастерите имаат дозвола да користат рамки (frames) при користењето на овие услуги, но забрането е парсирање на резултатите.
Сите права за дистрибуција, копирање и користење се заштитени од страна на Macedonia Search. 

Овие веб услуги се нудат "такви какви што се" без било каква гаранција и поддршка. Macedonia Search нема никакви обврски за постојано обезбедување на услугите и може да направи промена или прекинување на услугите без најава. Сепак, Macedonia Search ќе вложи напори за континуирано обезбедување и навремено информирање при промена на понудените услуги. 

Секој корисник кој ги користи овие услуги автоматски се сложува со овој договор. Вебмастерите можат, но не се должни да се регистрираат на Macedonia Search доколку ги интегрираат веб дискусионите групи на своите страни.

2. Начини на интеграција

Секој вебмастер има право да постави врски до било која страна на веб дискусионите групи. При целосно интегрирање врската треба да покажува на адреса http://www.macedonia.eu.org/usenet. Дозволено е вметнување на овие услуги во рамки, но само кога останатите рамки не содржат туѓи рекламни банери. Дозволено е врзување директно до сакана група, а примери на такви врзувања има на категориите "телеком" и "политика" на Macedonia Search. 

3. Можности за рекламирање

На страните на веб дискусионите групи е резервиран рекламен простор кој ќе биде доделен на спонзорите на Macedonia Search. При тоа банерите кои се во горните две третини од страната се ротирачки и се прикажуваат најмалку една третина од времето (најмногу три банери се менуваат секоја минута). Вредноста на сите банери е 0.1 денар за пиксел месечно за банерите поголеми од 18000 пиксели, односно 0.5 денари за пиксел месечно за банерите помали од 18000 пиксели. Секој спонзор има право да прикажува банери во вредност од паричната сума подарена на Macedonia Search. Право на Macedonia Search е да дозволува и поинакви услови од овие. Заинтересираните спонзори да контактираат со Macedonia Search на адреса info@macedonia.eu.org

4. Можности за локализирање

На интернет провајдерите кои се заинтересирани за интеграција на овие услуги за своите корисници понудена е можност за комплетна локализација. Ова дозволува промена и на логото прикажано горе лево со соодветно лого на интернет обезбедувачот. Можноста за локализација на никој начин не гo менува договорот за користење погоре и дното на страната. Дното на страната секогаш ќе го содржи и провајдерот на nntp дискусионите групи, кој во овој момент е МТнет (како што е прикажано во овој момент). Заинтересираните провајдери да котактираат со тимот на Macedonia Search на адреса info@macedonia.eu.org

5. Гаранции и авторски права

Macedonia Search веб дискусионите групи ги обезбедува во согласност со принципите на работа на сите фактори инволвирани во процесот. Тоа ја вклучува и софтверската околина и трансферот на групите со помош на Network News Transfer Protocol - от со МТнет. Macedonia Search ги поседува авторските права на дизајнот на веб интерфејсот. Содржините објавени во дискусионите групи се во потполна одговорност на соодветните автори.

Овие услуги се понудени "како што се" без посебни гаранции и обврски кон корисниците. Macedonia Search единствено гарантира дека нема намерно да ги злоупотребува можните поволни ситуации. Овие услуги се понудени без рестрикции на сите македонски веб страни кои функционираат легално во Република Македонија. Можна е промена на делови од договорот за користење доколку дојде до немила појава на спам или nntp провајдерот ги промени условите за соработка.