вести | печат | блогови
Macedonia Search e македонси интернет портал. Обезбедува бесплатни услуги како пребарување, директориум, електронска пошта, мултимедија, телеком, архива на знаење, време и информатор. За повеќе информации погледнете го дното на оваа страница.
петок, 26 мај 2017
Најнови Вести
страница 1 од 174 : следна

Меркел - Неизвесна иднината на енергетско партнерство меѓу ЕУ и Русија

вторник, 30 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ЕУ можеби ќе треба повторно да размисли за своето енергетско партнерство со Русија, ако Москва продолжи да ги крши базичните принципи. Таа рече дека енергетската соработка меѓу ЕУ и Русија е од корист за двете страни, нагласувајќи дека во различни држави од Унијата има различни нивоа на зависност од испораките на природен гас од Русија. Сепак, Меркел рече дека енергетската соработка меѓу ЕУ и Русија ќе треба да биде преиспитана на среден до...

Продолжуваат протестите во Хонг Конг

вторник, 30 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Продемократските демонстранти ноќеска останаа на улиците на Хонг Конг. Специјалците употребуваа солзавец против нив за време на викендот, но вчера се воздржаа за да ги намалат тензиите меѓу демонстрантите чиј број се зголемува. Студентите протестираат против плановите на Кина за изборите во Хонг Конг во 2017 година, откако Пекинг објави дека мора да ги одобри сите кандидати што сакаат да учествуваат на изборите. Белата куќа соопшти дека американската влада внимателно ја следи состојбата во...

Договор за останување на американски војници во Авганистан

вторник, 30 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Се очекува САД и Авганистан денеска да го потпишат долго одложуваниот безбедносен договор. Билатералниот безбедносен договор ќе овозможи околу 10 илјади американски војници да останат во Авганистан по завршувањето на борбената мисија на 31 декември годинава. Портпаролот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани вчера потврди дека договорот ќе биде потпишан. Претходниот претседател Хамид Карзаи одбиваше да го потпише. Џон Подеста, советник на американскиот претседател Барак Обама, ќе го...

Тежок распит на шефицата на американската Тајна служба

вторник, 30 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Шефицата на американската Тајна служба, Џулија Пирсон, се очекува денеска да се соочи со тежок распит пред Конгресниот комитет за надзор и владини реформи. И демократите и републиканците велат дека сакаат таа да објасни како планира да ги промени културата и процедурите на агенцијата. Расправата беше поттикната од инцидентот на 19 септември кога човек со нож се прекачи преку оградата на Белата куќа. До сослушувањето доаѓа еден ден по утврдувањето дека 42-годишниот Омар Гонзалес, кој е...

Нетанјаху - Нуклеарен Иран е поопасен од Исламската држава

вторник, 30 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, говорејќи пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, рече дека нуклеарните капацитети на Иран мора да бидат целосно затворени. Тој рече дека не може да му се дозволи на Техеран да го развива најопасното оружје во светот. Осврнувајќи се на милитантите од Исламската држава, Нетанјаху рече дека таа закана мора да биде поразена. Но, според него, ако се поразат милитантите на Исламската држава и ако се остави Иран на прагот на нуклеарна сила, тогаш тоа ќе...

Сирија ги поддржува бомбардирањата против Исламската држава

вторник, 30 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем истакна дека Дамаск „ги поддржува сите меѓународни напори насочени во борбата против тероризмот“. Во неговиот вчерашен говор пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Муалем рече дека светот треба да ? даде приоритет на борбата против Исламската држава, како и на борбата против борците од Ал-Нусра и други организации поврзани со Ал Каеда. По говорот, Муалем за Асошиетед прес изјави дека САД не ја известуваат Сирија за...

Руска истрага поради „геноцид“ во источна Украина

вторник, 30 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Руските власти соопштија дека ќе отворат кривична истрага поради, како што велат, „геноцидот“ против луѓето кои зборуваат на руски јазик во источна Украина. Во пресрет на истрагата, федералната истражна комисија на Русија соопшти дека високи украински политички и воени лидери издале наредба во насока на „целосно уништување“ на луѓето кои зборуваат на руски јазик во регионите на Доњецк и Луганск. Комисијата тврди дека „убиството на граѓаните кои зборуваат руски“ е спроведувано од страна на...

Индискиот премиер на средба со Обама

вторник, 30 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Индискиот премиер Нарендра Моди денеска треба да се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон. Се очекува тие да разговараат за економски и безбедносни прашања, вклучувајќи ја и состојбата во Авганистан, од каде што САД се повлекуваат по 13 години. Аналитичарите велат дека Обама и Моди ќе се обидат да ги подобрат затегнатите односи. Вашингтон е фрустриран поради тоа што Индија не го отвора пазарот за повеќе странски инвеститори. На Моди му беше забранет влез во САД во 2005...

Преполовен бројот на диви животни во светот за четири децении

вторник, 30 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Се намалува бројот единки од околу три илјади видови животни во светот, многу повеќе од што се мислеше претходно. Студијата на една од најголемите организации за животната средина, швајцарската WWF, во голема мера како виновници ги посочи човечките закани кон природата за намалување на популацијата на живите видови за 52 проценти од 1970 до 2010 година. Подобрените методи за мерење на популацијата на рибите, птиците, цицачите, водоземците и влекачите покажуваат голема разлика од намалувањето...

Временска прогноза - Сончево и тивко време

вторник, 30 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Времето денеска ќе биде сончево и тивко. Утринската температура се движи од еден до девет, а дневната од 22 дo 27 степени. Во Скопје слично време со температура до 25 степени. До четврток времето ќе биде стабилно и суво, со благ пораст на дневната температура.

Со подобра инфраструктура до поголема конкурентност

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Економија) -- За да се постигне зголемување на конкурентноста на македонското стопанство недостигаат квалитетна сообраќајна, комунална и енергетска инфраструктура, како и подобра соработка за трговско и инфраструктурно поврзување, велат упатените.

ДУИ со плус отчет за 100 дена Влада

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Македонија) -- По отчетот на Владата, ДУИ на посебна прес конференција се пофали само со партиските достигнувања во извршната власт, нотирајќи ги реализираните проектите за Албанците.

Москва му го продолжи притвор на украинскиот режисер Сентсов

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Судот во Москва му го продолжи притвор на украинскиот режисер Олех Сентсов, кој беше уапсен во Крим и обвинет за заговарање терористички напади. Судот одлучи притворот да му се продолжи до 11 јануари. Сентсов и уште тројца други украински државјани беа уапсени во мај поради сомневање за планирање терористички напади во големите градови на Крим, Симферопол, Јалта и Севастопол. На 10 септември од Украинската служба за безбедност соопштија дека Сентсов е на листата на луѓе кои ќе бидат...

Белгискиот танц на Дерик Меј и маестро Џијан Емин

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Македонија) -- Со овации од публиката била пречекана изведбата на „Музика универзалис“ на славниот американски диџеј Дерик Меј и Фламанскиот симфониски оркестар под диригентство на нашиот Џијан Емин што се случи во саботата на 27 септември, во катедралата Света Ана во Гент, Белгија, на 12-то издание на фестивалот „ОдеГанг“. Станува збор за проект на „Излет мјузик“ чија промоција се случи летово во Антички театар во Охрид и во кој бележито е учеството и на македонските солисти Маријана Николовска на челеста...

Наградата „Лех Валенса“ за украинското движење Еуромаидан

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Украинското про-европско движење Еуромаидан, што ги предводеше протестите во Киев кои доведоа до соборување на поранешниот претседател Виктор Јанукович, е добитник на наградата „Лех Валенса“ за 2014. Витали Кличко, еден од водачите на протестите, кој сега е градоначалник на Киев, ја прифати наградата во Гдањск во име на движење. Наградата Лех Валенса во вредност од 100 илјади долар се доделува од 2008 за поддршка на човековите права и демократијата. Лех Валенса е поранешен претседател...

Дамаск ги подржува меѓународните напори против тероризмот

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Муалем пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк истакна дека Дамаск ги поддржува сите меѓународни напори насочени кон борба против тероризмот. Тој изјави дека светот треба да даде приоритет на борбата против милитантие на Исламските држава и борците од Ал Нусра, како и други терористички групи поврзани со Ал Каеда. Муалем, исто така, рече Дамаск се залага за политичко решение на граѓанската војна во Сирија, вклучително и...

Педесетина политичари во БиХ за неколку години станале милионери

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Центарот за истражувачко новинарство (ЦИН) во БиХ објави база на податоци за 160 босански политичари, чиј имот забрзано се зголемува, а меѓу нив има 50-мина функционери со одделно богатство од по над 2,5 милиони евра. Според ЦИН, голем број политичари успеале за време на извршувањето на функциите да стекнат недвижнини, заштеди, возила и акции, и покрај тоа што секој шести жител во земјата е невработен, а бруто домашниот производ е многу низок. Од 160-те политичари кои ЦИН ги истражува,...

САД и Авганистан ќе потпишат договор за безбедност на 30 септември

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Официјални претставници на САД и на Авганистан соопштија дека ќе потпишат договор на 30 септември со кој ќе се овозможи околу 10 илјади американски војници да останат во земјата и по завршетокот на оваа година. Џон Подеста, советник на американскиот претседател Барак Обама, изјави дека тој ќе го потпише Билатералниот договор за безбедност во име на Вашингтон. Тој ја даде изјавата во Кабул каде присуствуваше на инаугурацијата на новиот претседател на Авганистан Ашраф Гани. Советник на Гани,...

Затворена расправата за уставните измени

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Македонија) -- Во отсуство на опозицијата и главно со позитивни реакции заврши 30 дневната јавна расправа за уставните измени. Последна јавната расправа се одржа денеска во Собранието, организирана од собраниската Уставна комисија на која беа повикани претставници на институции и органи на кои се однесуваат измените, од правните факултети, НВО секторот, пратеници...

Србија спроведе истрага за инцидентот со братот на премиерот Вучиќ

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека ќе биде спроведена истрага за инцидентот во кој е претепан Андреј Вучиќ, братот на премиерот, а полицајците кои учествувале во него веројатно ќе бидат суспендирани до завршување на истрагата. Министерот не сакал да открие детали во врска со инцидентот, кој се случи вчера за време на Парадата на гордоста, потенцирајќи единствено дека станува збор за единица од Ниш, а сите други информации ќе бидат изнесени кога ќе заврши...

Упасени продавачи на слики земени од резиденцијата на Јанукович

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Белорускиот Комитет за државна безбедност уапси неколку луѓе кои се обиделе да продадат слики за кои велеле дека се на познати уметници, а кои биле земени од резиденцијата на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Во соопштението на Комитетот се вели дека осомничените се обиделе да продадат уметничките дела за кои тврделе дека се насликани од Клод Моне, Винсент ван Гог, Едвард Мунк, Василиј Кандински. Осомничените кои се државјани на Белорусија, барале 2, 5 милиони долари за...

Последна јавна расправа за уставните измени

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Во отсуство на опозицијата и главно со позитивни реакции  заврши 30 дневната јавна расправа за уставните измени. Последна  јавната расправа се одржа денеска во Собранието, организирана од собраниската Уставна комисија на која беа повикани претставници на институции и органи на кои се однесуваат измените, од правните факултети, НВО секторот, пратеници... Министерот за правда Аднан Јашари нагласи дека текстот на Нацрт амандманите е испратен до сите надлежни институци и органи во...

Над 3.000 луѓе загинале во обид да го преминат Медитеранот

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Повеќе од 3.000 луѓе загинале годинава обидувајќи се да го преминат Медитеранот и да стигнат во Европа, соопшти Меѓународната организација за миграција која тесно соработува со ОН. Од Организацијата денеска соопштија дека 3072 смртни случаи се повеќе од двојно од претходниот рекорд во 2011 година. Тие исто така соопштија дека смртта на мигранти кои се обидуваат по морски пар да стигнат во Европа, соочинува 75 отсто од вкупниот светски број на смртни случаи на мигранти, кој од јануари до...

Лустриран поранешен ректор на универзитет

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Kомисијата за верификација на фактите на денешната седница лустрираше починат ректор на еден од универзитетите во Македонија за кого е утврдено дека бил соработник на поранешните тајни служби. „Лицето е починато и неговиото име нема да биде објавено. Станува збор за ректор на еден од универзитетите во Македонија кој во осумдесеттите години на службите им оддавал информации за еден докторант на Универзитетот чиј ректор бил“, информираше членот на Комисијата Предраг Димитровски по...

Шпанија - Судот да забрани референдум за независност на Каталонија

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Шпанската влада го повика Уставниот суд да го спречи шпанскиот регион Каталонија да одржи гласање за независност во ноември. Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска ја поднесе жалбата до судот. Според нeго повикот на каталонскиот претседател Артур Мас за одржување на референдум, е „нелегален“. Рахој рече дека референдумот ќе ги подели Каталонците и ќе ги отуѓи од Европа и остатокот од Шпанија. Во Каталонија живеат 7,5 милиони луѓе. Регионот се смета за економски центар на Шпанија....

Големина на текст: Мал текст Нормален текстЗголемен текстНајголем текст
курсна листа
време
клубови
реклами
фејсбук

портал | вести | електронска пошта | директориум | дискусиони групи | мултимедија | верзија за мобилни уреди | за нас
© 1999 - 2014 Zoran Gligorov, Zdravko Stafilov.