вести | печат | блогови
Macedonia Search e македонси интернет портал. Обезбедува бесплатни услуги како пребарување, директориум, електронска пошта, мултимедија, телеком, архива на знаење, време и информатор. За повеќе информации погледнете го дното на оваа страница.
петок, 24 ноември 2017
Најнови Вести
страница 2 од 174 : претходна | следна

Шпанија - Судот да забрани референдум за независност на Каталонија

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Шпанската влада го повика Уставниот суд да го спречи шпанскиот регион Каталонија да одржи гласање за независност во ноември. Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска ја поднесе жалбата до судот. Според нeго повикот на каталонскиот претседател Артур Мас за одржување на референдум, е „нелегален“. Рахој рече дека референдумот ќе ги подели Каталонците и ќе ги отуѓи од Европа и остатокот од Шпанија. Во Каталонија живеат 7,5 милиони луѓе. Регионот се смета за економски центар на Шпанија....

Потпишана спогодбата за поевтин роаминг во регионот

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Петпати пониски услуги на цените во роаминг за разговори, СМС и интернет меѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, треба да овозможи спогодбата за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи, потпишана денеска. Реализацијата на спогодбата ќе ја координира тело основано од претставници на регулаторите на државите потписнички. Спогодбата е отворена, што значи дека во иднина, секоја заинтересирана земја, која не е опфатена со неа, може...

Наград „Вацлав Хавел“ за азербејџанскиот активист Мамади

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Парламентарното собрание на Советот на Европа му ја додели годишната награда за човекови права „Вацлав Хавел“ на затворениот азербејџански активист за човекови права Анар Мамади. Останатите двајца финалисти беа изралеска организација која ги брани правата на Израелците и Палестинците и филијалата во Малта на меѓународна служба за бегалци, која ги брани правата на барателите на азил. Наградата во вредност од 79 илјади долари се доделува втора година по ред за достигнувања во граѓанското...

Решение базирано на слободен софтвер наменето за интернет-анкети и регистрирање за конференции

понеделник, 29 септември 2014 METAMORPHOSIS -- Јавните администрации на располагање имаат нова алатка за спроведување анкети на интернет. Веб-апликацијата EUSurvey ги опфаќа сите чекори од животниот циклус на анкетата, од дизајнот и промоцијата на анкетата, до анализата и објавувањето на резултатите. Алатката може да се користи и за регистрирање за настани и конференции, за консултации со засегнатите страни и за создавање формулари за евалуација.

Самит за Каспиското Море во Русија

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Четвртиот Самит за Каспиското Море започна денеска во рускиот град Астрахан. На него присуствуваат лидерите на Азербејџан, Иран, Казахстан, Русија и Туркменистан. Лидерите на петте земји, туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов, азербејџанскиот Илхам Алијев, рускиот претседател Владимир Путин, иранскиот Хасан Рохани и казахстанскиот претседател  Нурсултан Назарбаев, ќе дискутираат за правниот статус на Каспиското Море. Овие земји со години се обидуваат да постигнат...

Радио Слободна Европа на Радио Метрополис

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Светот на Интернет) -- Радио Метрополис почнува со емитување на емисии на Радио Слободна Европа на македонски јазик.

Девет украински војници убени од про-руските бунтовници

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Девет украински војници загинале во борбите со про-руските бунтовници во последните денови во источниот дел од земјата, соопшти денеска украинската војска. Ова е нависок број на жртви од почетокот на примирјето на кое се согласија и двете страни на почетокот на месецот. „Девет војници загинаа, а 27 се повредени“, изјави Андриј Лушенко, портпарол на Советот за национална безбедност и одбрана.   Во меѓувреме Градскиот совет на Доњецк соопшти дека тројца цивили загинаа, а пет се...

Нов пад на руската рубља

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Руската рубља денеска падна на ново рекордно најниско ниво во однос на доларот, а падна и во однос на еврото. Еден долар сега се менува за 39,50 рубљи, што е 32 копејки повеќе од вчера, додека еврото се менува за 50,13 рубљи. На 26 септември исто така имаше голем пад на рубљата во однос на доларот, а Централна банка во Москва соопшти дека е многу блиску до интервенција за поддршка на руската валута во однос на американскиот долар и на еврото. Во меѓувреме, акциите на руската компанија...

Белорусија - уапсени лидери на Здружените на Полјаци

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Двајцата лидери на Здружението на Полјаци во Белорусија(ЗПБ), кое не е признаено од властите во Минск, биле приведени од белоруските гранични полицајци кога патувале во Полска. Претседателот на ЗПБ, Мечислав Јаскиевич, и претседателката на Советот на здружението, Анџелика Борис, денеска биле уапсени на граничниот премин Брузги. Портпаролот на здружението, Анджеј Писалник, за Радио Слободна Европа изјави дека граничните полицајци од приведените одзеле лични предмети, вклучително и нивните...

Разговорите за нуклеарната програма на Иран продолжуваат за две недели

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Разговорите меѓу Иран и светските сили за нуклеарната програма ќе продолжат во Европа пред средината на октомври, соопшти официјален Техеран. Запеник министерот за надворешни работи Абас Арагчи денеска соопшти дека преговорите кои треба да резултираат со историски договор до 24 неомври, ќе продолжат во Виена или во Женева за околу 2 недели.  Тој, исто така, изјави дека за време на неодамнешните разговори во Њујорк не се направи „значителен напредок“ и дека Иран не е заинтересиран за...

Во Доњецк тензично и покрај примирјето

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Градскиот совет на Доњецк соопшти денеска дека во изминативе 24 часа биле убиени тројца цивили, а петмина други биле ранети. Соопштено е дека и покрај примирјето во текот на изминатата ноќ и натаму се слушал артилериски оган. Во меѓувреме, украинската војска и проруските сепаратисти извршиле уште една размена на заробеници во близина на едно село во Доњецк. Размената е дел од мировниот договор потпишан во Минск на 5 септември меѓу претставници на украинската влада и самопрогласените лидери...

МВР: Засега низок степен на ризик од исламистичките екстремисти

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Македонија) -- Се разбира дека општи ризици постојат, бидејќи Македонија е дел од меѓународната коалиција за борба против тероризмот, но степенот на поголем ризик по општата безбедност засега во Македонија е низок, велат во МВР.

Инаугуриран новиот претседател на Авганистан

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Ашраф Гани денеска во Кабул положи заклетва како нов претседател на Авганистан. Тоа е прво демократско предавање на власта во таа земја досега. Гани на 21 септември официјално беше прогласен за победник на претседателските избори чиј втор круг се одржа пред три месеци. Тој вети дека ќе потпише спогодба со Соединетите држави со што се овозможува останување на извесен број американски војници во Авганистан и по повлекувањето на странските сили кон крајот на годинава. 

Спорот за името без изгледи за решение

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Македонија) -- Домашните експерти се песимисти дека и во наредниот период нема да се случи ништо конкретно на планот на решавање на спорот за името.

Продолжува воздушната кампања во Сирија

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Авиони на сојузничката коалиција предводена од Соединетите држави денеска бомбардирале позиции на милитантите на Исламската држава во северна и источна Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека биле нападнати цели во четири провинции: Алепо, Рака, Хасаке и Деил ел Зур. Оваа група прецизира дека притоа бил погоден влезот во најголемата централа на гас во Сирија. 

Обама: ја потценивме опасноста од милитантите на ИД

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Пладневни вести) -- Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите држави ја потцениле опасноста од екстремистите на Исламската држава. Тој додаде дека употребата на воена сила е неопходна со цел на терористите да им се намалат капацитетите и да се елиминира приливот на луѓе во Сирија.

Грчкото МНР за ставовите на Атина во спорот со името

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Грчкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е „корисно да потсети“ на грчките ставови „со оглед на тоа што некои екстремни кругови се прават дека не знаат ништо или се изненадени што дознаваат сега, од говорот на министерот за надворешни работи на Генерално собрание на Обединетите нации, за позицијата на Грција во врска со спорот за името“ на Македонија. Во соопштението се потсетува дека позиција на Грција за сложено име со географска одредница пред зборот „Македонија“, а...

Хонг Конг: протестите продолжуваат специјалците повлечени

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Властите на Хонг Конг соопштија дека ги повлекле специјалните полициски сили од улиците во градот каде што се одржуваат досега најголемите продемократски протести. Вчера полицијата со употреба на солзавец и водени топови се обиде да ги растера демонстрантите. Студентите пред неколку дена почнаа протести на кои бараат поголеми демократски права и средба со властите на Хонг Конг за изборни реформи. 

Ваши коментари - штрајк, иселување на млади и ниски плати

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Македонија) -- Текстовите за штрајкот на просветарите, иселувањето на младите и македонските плати на дното во регионот, се најкоментирани.

Пониски роаминг цени во регионот?

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина во Будва денеска ќе потпишат Спогодба за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи. Според најавите, спогодбата треба да овозможи неколкукратно намалување на цените на разговорите, СМС и интернет услугите преку мобилните телефони. Тоа воедно е прв чекор за целосно укинување на роамингот при разговори меѓу петте држави од регионот. За примена на спогодбата чија содржина ја договораа на средба пред...

Филе во посета на Албанија

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Еврокомесарот за проширување во заминување Штефан Филе, денеска ќе престојува во Албанија. Тоа е негова прва посета, откако оваа земја на 24 јуни доби кандидатски статус. До посетата доаѓа пред финализирањето на годишниот извештај за напредокот на Албанија кој се очекува да биде објавен во првата половина на октомври. Петте клучни приоритети за Албанија се човековите и малцински права, судството,корупцијата, организираниот криминал и реформата во јавната администрација.

Во Собранието јавна дискусија за уставните амандмани

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Денеска во Собранието на Македонија ќе се одржи јавна дискусија за уставните амандмани што ги предложи владата. Пред повторно да бидат вратени во Собранието како предлог-амандмани на Уставот, Владата треба да вгради дел од забелешките изнесени на јавните расправи. За секој предлог амандман Собранието треба да гласа поединечно со двотретинско мнозинство. Процедурата за носење на уставните измени се очекува да заврши до средината на октомври. Меѓу уставсните измени се дефинирање на бракот...

Штрајкот во образованието ставен во мирување

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Советот на СОНК на вчерашната седница, по повеќечасовна расправа го стави во мирување Генералниот штрајк во образованието закажан за денеска. Во соопштението од оваа синдикална организација се наведува дека рокот за конкретни резултати од преговорите со Министерството за образование и наука (МОН) за нивните барања е до крајот на годинава. Доколку Советот по овој рок оцени дека прифатените барања од МОН не се соодветни со реалните можности и не се одраз на аргументите, во тој...

Иранскиот претседател на Касписки самит во Русија

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Иранскиот претседател Хасан Рохани престојува во рускиот град Астрахан, каде што ќе учествува на Каспискиот самит заедно со лидерите на Азербејџан, Казахстан, Русија и Туркменистан. Тој пристигна во предвечерието на самитот, кој треба да започне денеска. Лидерите на овие 5 земји со години работат на постигнување договор за правниот статус на Касписко Море. Во моментов, договорите за тоа датираат од 1921 и 1940 година, кога Иран и Советскиот Сојуз ги договориле условите. Азербејџан,...

Инаугурација на новиот претседател на Авганистан

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Ашраф Гани денеска во Кабул ќе биде инаугуриран во претседател на Авганистан. Тој во минатата недела беше официјално прогласен за победник на претседателските избори, три месеци по вториот круг од гласањето. Првиот демократски трансфер на власта во Авганистан беше обременет со обвинувања за изборни насилства од страна на Гани и неговиот ривал Абдула Абдула, што го продолжи процесот на пребројување на гласовите. Гани ќе ја преземе должноста непосредно пред повлекувањето на поголемиот дел...

Урната статуата на Ленин во Харков, Украина

понеделник, 29 септември 2014 РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Демонстрантите во источно-украинскиот град Харков ја урнаа статуата на Владимир Илич Ленин. Големиот 20-метарски споменик на Ленин на Плоштадот на слободата во Харков беше нападнат веднаш по про-украинскиот марш кој илјадници луѓе го одржаа во вториот по големина град во Украина. Луѓето употребиле скали за да пријдат до статуата и ја собориле, а стотици лица стоеле во близина и гледале. На плоштадот немало присутни полицајци. Харков, кој се наоѓа на 20-ина километри од руската граница, во...

Големина на текст: Мал текст Нормален текстЗголемен текстНајголем текст
курсна листа
време
клубови
реклами
фејсбук

портал | вести | електронска пошта | директориум | дискусиони групи | мултимедија | верзија за мобилни уреди | за нас
© 1999 - 2014 Zoran Gligorov, Zdravko Stafilov.